ВИДЕО: Над 120 загинати во фудбалско стампедо во Индонезија

Од:

Паниката која настана на фудбалски меч во Индонезија откако полицијата пушти солзавец за да ја спречи тепачката меѓу две навивачки групи, придонесе до стампедо во кое загинаа 129 луѓе, потврди локалната полиција.

На мечот од Индонезиската Премиерлига во градот на островот Јава Маланг, помеѓу Арема Маланг и Персебаја Сурабаја почнале неколку тепачки на стадионот „Канџурухан“ откако домашниот тим загуби со 2:3, по што полицијата користела солзавец, кој пак, предизвикал паника, потврди шефот на полицијата, Нико Афинта.

Стотина луѓе се упатиле кон излезите од стадионот и дел од нив се задушиле во хаосот, додека други биле прегазени.

Повеќе од 300 луѓе завршле во болница, а се очекува бројката на мртви да порасне откако 160 навивачи се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски