ВИДЕО: Над 100 ракети се упатуваат кон Украина, прекин на струја и во Молдавија

Од:

Русија изврши нов ракетен напад врз Украина. Низ земјата ечат сирени, а луѓето трчаат кон засолништата. Пријавен прекин на струја во Молдавија.

На социјалните мрежи е наведено дека од 13 борбени авиони биле лансирани 104 проектили, а се предупредува и за можен напад од море, со ракети Калибар. Се очекува проектилите да погодат цели во Киев во 14:15 часот по локално време.

Наводно, биле пресретнати пет ракети.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви, но украинските медиуми ги пренесоа изјавите на официјални лица дека во одредени области се слушнале експлозии и дека реагирале силите за воздушна одбрана.

Како што е соопштено на Телеграм и Твитер, една ракета веќе ја погодила Одеса. Соопштено е и дека снемало струја во главната водоводна постројка во тој град, така што цела Одеса моментално е без вода.

Компанијата што стопанисува со водоводната постројка апелира до граѓаните да останат смирени, додавајќи дека водоснабдувањето ќе се нормализира откако ќе се направат потребните поправки.

Би можело да ве интересира

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ