ВИДЕО: На Хаваи им се закнуваат два урагана

Од:

Американскиот центар за следење на урагани соопшти дека на Хаваи им се закануваат ураганот „Изел“ и тропската бура „Хулио“.

Ураганот „Изел“ се наоѓа на 1.700 километри од Хаваи и се движи со брзина од 26 километри на час, со ветер кој достигнува брзина од 200 километри на час, соопшти Националниот центар за следење на урагани, со седиште во Мајами.

uragan-prodavnici

Жителите на Хаваи веќе започнаа да купуваат основни намирници и да се подготвуваат за невремето кое што доаѓа.

-Ураганот треба да ја промени насоката на движење во наредните часови и да изгуби на јачина во наредните 48 часа-стои во соопштението.

Тропската бура „Хулио“ се наоѓа на 1.845 километри од Долна Калифорнија во Мексико и се движи со брзина од 20 километри на час, со ветер од 985 километри на час, пренесе „Франс прес“.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски