ВИДЕО: На аеродромот ЏФК во Њујорк пронајден куп кокаин меѓу замрзнати ракчиња

Од:

Вработените во американската царинска служба на аеродромот Џон Ф. Кенеди уапсија 22-годишен кримчар кој се обидел да пренесе повеќе од 18 килограми кокаин скриен во пакети со замрзнати ракчиња.

Захари Скот е американски државјанин кој живее во Гвајана и бил избран по случаен избор од царинските службеници за дополнително пребарување откако пристигнал со лет од јужноамериканската земја. Пребарувајќи низ багажот на Скот, полицајците пронашле расфрлана облека и неколку пакувања со замрзнати кралски ракчиња.

Откако ги отвориле спакуваните деликатеси од морска храна, откриле парчиња бел прав за кој подоцна било утврдено дека е кокаин, се наведува во судските документи. Вкупната тежина на кокаинот била 18,45 килограми.

При апсењето Скот наводно изјавил дека „знаел дека не е во ред да се донесат пакетите во Соединетите Држави“, велејќи им на инспекторите дека требало да биде платен помеѓу 5.000 и 6.000 долари за оваа шверцерска работа. Доколку биде прогласен за виновен, на Скот му се заканува затворска казна до 20 години.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина