Четири ајкули се обидоа да нападнат момче кое си играше во водата на чекор од брегот на Бахами. На снимката направена со дрон се гледа моментот како момчето успева да избега на време од ајкулите кои го забележаа веднаш штом влезе во водата.
Целата сцена случајно ја сними Артем Ткаченко, кој ги снимал убавините на Бахами со дрон.
Тој го фати моментот кога момчето возбудено влетува во водата, меѓутоа не било ссвесно дека на неколку метри од брегот има ајкули.
Кога тргнаа кон пленот, Ткаченко почнал да вика по момчето кое успеало да избега на време.
-Добро е што ме слушна, изјави Ткаченко.