ВИДЕО: Молдавски политичари се тепаа во живо на телевизија, еден остана да лежи нокаутиран

Од:

Скандалозна физичка пресметка меѓу политичари се случи во Молдавија, кога поранешниот заменик-министер за полиција Генадиј Косован се степа со екссоветникот на претседателката Маја Санду Сергеј Тофилат, за време на телевизиска емисија која се емитуваше во живо. Во тепачката, Косован ја изгубил свеста и морал да биде хоспитализиран, јавија локалните медиуми.

Двајцата политичари беа гости во популарната емисија „Журнал“, а за време на дебатата паднаа лични навреди меѓу соговорниците. Тофилат го нарече својот противник „недоносче“, на што Косован најпрво замавна со раката како да сака да го удри, а потоа му истури чаша вода во лицето на помладиот соговорник.

Испровоциран од овој чин, поранешниот втор човек на молдавската полиција со тупаници му се нафрли на Косован, испраќајќи го на подот, каде иницијаторот на инцидентот и остана да лежи, во бессознание.

„Ако некој ве полее со вода, одговорете на ист начин, а не со тупаници… Посебно не смеете да користите насилство на телевизија. Господинот Косован доби медицинска помош“, напиша по инцидентот на Фејсбук претседателот на Либералната партија Дорин Чиртоака, кој исто така беше еден од гостите во скандалозната емисија.

Случајот сепак се заврши добро – водителот на емисијата „Журнал“ Дмитриј Мишин вечерта по тепачката објави фотографија на која се гледа како Тофилат и Косован се ракуваат, со порака дека нивниот конфликт е решен.

Би можело да ве интересира

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

(ВИДЕО) Израелци претепани во Амстердам, Нетанјаху вели: Испраќаме спасувачки авиони

Горан Наумовски

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

Кривична за тетовчанец кој си ги истепал својот татко

Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец

Горан Наумовски

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај