Зелено-сина светлина која го осветли небото над Мексико Сити веднаш по земјотресот од 8,2 степени по Рихтеровата скала ги преплаши уште повеќе жителите на овој град. Иако науката нема официјално објаснување, најверојатно се работи за природен феномен.
Сеизмологот Стивен Хикс истакнува дека врската помеѓу мистериозната светлина и земјотресот никогаш официјално не е докажана и дека најверојатно се работи за експлозија на гебераторите и системите за напојување.
Сепак многу научници не се согласуваат со ваквата констатација и наведуваат дека постојат записи во кои пишува дека ваква светлост која се појавува непосредно по некој голем потрес била забележувана и пред стотици години.