Огнена топка која што прелета над источниот американски брег, се претпоставува дека е астероид, кој бил широк речиси еден метар.
Такви астероиди влегуваат во атмосферата на секои два-три дена, па овој како што американските медиумите го нарекоа „Менхетн метеор“, не е редок случај.
Очевидците велат дека сјаел како полн месец и дека се гледал од Мејн до Северна Каролина.
Метеорот влегол во атмосферата над источна Пенсилванија и оттаму се движел кон југоисток, додека неговата светлина не исчезнала над Атлантскиот океан.
Експертите сметаат дека постои мала веројатност да се најде остаток од метеорот, земајќи во предвид дека најверојатно завршил во Атлантикот.
Елена Георгиевска