Германската канцеларка Ангела Меркел, откако денеска на прес-конференција прво изнесе мрачни предвидувања за пандемијата, во продолжението, одговарајќи на новинарските прашања, ги насмеа присутните со реакцијата на прашање поврзано со американскиот претседател Трамп.
Еден од новинарите ја праша Меркел дали е точно дека, како што тврдeл поранешниот американски амбасадор во Берлин Ричард Гренел, Трамп „ја шармирал“.
Дипломатот, кој во моментов е специјален пратеник на претседателот на Соединетите држави за дијалогот меѓу Србија и Косово, вчера изјави дека лично видел како Трамп „ја шармира“ Меркел, што е спротивно на перцепцијата за односот на американскиот лидер и неговата германска колешка, кој важи за „студен“.
Германската канцеларка очигледно не го очекуваше тоа, па отпрвин беше збунета и мораше да препраша за уште еднаш да се увери за што станува збор. Но, веднаш потоа, таа со посебна насмевка на лицето одговори дека не коментира приватни разговори, а нејзината реакција е јасна и разбирлива и за луѓето кои не зборуваат германски:
This is one of my new favourite Merkel moments. A journalist asks her about Richard Grenell's claim that Trump "charmed" Merkel. You don't need to speak German to enjoy her reaction:pic.twitter.com/RSjHSNXXtX
— Marcel Dirsus (@marceldirsus) August 28, 2020
По изјавата на Гренел, на социјалните мрежи се појавија многу снимки и фотографии од средби на Трамп и Меркел на кои германската канцеларка воопшто не изгледа шармирано:
Actual picture of Trump "charming" Angela Merkel pic.twitter.com/Hl6hf22CBe
— russchoma (@russchoma) August 27, 2020
According to Grenell, Trump charmed German Chancellor Angela Merkel pic.twitter.com/gesFtbAMhp
— Andrew Palmer (@andrewDC_) August 27, 2020