(ВИДЕО) Меркел расплака девојче од Палестина: За тебе нема место во Германија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел предизвика жестока дебата поради нејзиниот однос кон едно девојче од Палестина кое го искажа стравот на нејзиното семејство од депортација.

Канцеларката во училиштето во Росток со нладите разговараше за политиката кон азилантите и барателите на азил која е наречена “Добро е да се живее во Германија“.

Откако ученичката Реем од Палестина на течен германски јазик објасни дека заедно со семејството ќе бидат депортирани од Германија, Ангела Меркел и кажа дека не може на сите исто како и на нејзиното семејство што се во бегалските кампови, да им каже слободно да дојдат. Девојчето почна да плаче, а канцеларката и пријде и се обиде да ја утеши.

– Сфаќам, ама политиката понекогаш е тешка. Ти си мило девојче, но постојат илјадници во бегалските кампови во Палестина и во Либанон. Не можеме на сите да им кажеме: “Дојдте овде“.

Единствено што можам да кажам е дека одлучувањето не би требало да трае толку долго. Но некои луѓе ќе мора да се вратат назад. Знам дека ситуацијата е тешка, но направи добра работа што ја сподели својата состојба со нас. Не ја раскажа само твојата приказна, туку приказната на сите, рече Меркел.

На социјалните мрежи германската канцеларска веднаш се најде на удар на бројни критики.

– Верник, научник, политичар, но падна на испитот на човечноста на сите фронтови, беше една од критиките на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија