(ВИДЕО) Меланија вербално го нападна Бајден: Неговата социјалистичка програма ќе ја уништи Америка!

Од:

Првата дама на САД, Меланија Трамп, го одржа својот прв предизборен митинг за поддршка на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во близина на Филаделфија.

За време на својот говор, Меланија, пред неколку стотици приврзаници, вербално го нападна демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и медиумите.

Првата дама, бранејќи ги политиките на Трамп во борбата против коронавирусот, се обиде да ги минимизира ризиците што ги носи вирусот за американското општество, поради кој, досега околу 226.000 Американци го загубија својот живот, објави „АП“.

Таа ги обвини демократите затоа што, според неа, тие ги ставаат своите лични интереси пред благосостојбата на американскиот народ и се фокусираат на „лажните барања за отповикување на претседателот“, наместо да го стават својот фокус на пандемијата.

Меланија Трамп ја критикуваше „социјалистичката програма“ на Бајден и ги нападна медиумите, обвинувајќи ги дека се впуштиле во „бесмислени озборувања и судски интриги“ во Белата куќа.

„Политиката и социјалистичката програма на Бајден само ќе ја уништат Америка и сè што е направено во изминатите четири години. Ние мора да го спасиме Доналд во Белата куќа за да го завршиме она што го започна, а нашата земја ќе продолжи да цвета. Не се затвораме и не се криеме во страв кога е тешко“, рече, првата дама на САД.

Би можело да ве интересира

Почина Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп

(ВИДЕО) Проштална порака на Меланија Трамп: Беше чест како Прва дама да им служам на Американците

Ана Ололовска

Си-Ен-Ен: Меланија ја напушта Белата Куќа со најмала популарност

Ана Ололовска

Меланија Трамп: Треба да се преброи секој легален глас

А1он

Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник, победата на Бајден не е легална!

А1он

До јануари нема мнозинство во Сенатот на САД

А1он