Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник, победата на Бајден не е легална!

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави гневна порака на Твитер, со факти за кои верува дека потврдуваат дека изборите биле нефер и дека победата на неговиот ривал Џо Бајден не била легална.

Според него, милиони ливчиња биле испратени до луѓе кои не го сакале тоа, додека набљудувачи не биле во можност да бидат присутни при пребројувањето.

Тој тврди дека добил 71.000.000 законски гласови и дека е победник.

Претходно, Трамп одби да признае дека загубил на претседателските избори откако американските медиуми објавија дека победник е Џо Бајден.

Тој не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу актуелниот лидер и новоизбраниот претседател.

Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Полицијата побројна од протрамповските демонстранти пред Капитол

Трамп: Одлуката за повлекување од Авганистан е „срамна“

Путин очекува самитот со Бајден да помогне во воспоставување дијалог

(ВИДЕО) Трамп: Оние кои го прекршија законот ќе одговараат, ќе има мирен трансфер на власта

Пелоси повика итно да се разреши Трамп: Тој е опасна личност за Американците

А1он

(ВИДЕО) Бајден: Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти, тие беа домашни терористи

А1он