(ВИДЕО) Меланија го поддржа Трамп: Тој е претседател кој нема да престане да се бори за вас

Од:

На втората вечер од конвенцијата на Републиканската партија, поддржувачите и роднините на актуелниот американски претседател повикаа на негов реизбор.

Свое обраќање имаше и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој преку конференциска врска од Ерусалим рече дека неговото семејство и сите Американци денес живеат подобро и побезбедно благодарение на Трамп.

Тој нагласи дека слободите на граѓаните се загарантирани бидејќи претседателот ја спровел својата визија да ја направи Америка „повторно голема“.

Од говорницата дадоа поддршка и членовите на семејството на претседателот.

Ќерката Тифани, неговиот син Ерик, како и сопругата Меланија, се обратија на конвенцијата пред делегатите на Републиканската партија, од каде побараа од граѓаните да гласаат за Трамп доколку сакаат економски развој и поголема безбедност.

Првата дама на САД од говорницата се наврати на минатото и зборуваше за средбата со Трамп и неговите животни определби.

„Дојдов во САД кога имав 26 години, да живеам и работам во една земја која нуди можности, тоа беше сон за мене. Мојот сопруг знае да направи вистинска разлика. Од денот кога го запознав, тој секогаш сакаше да ја подобри државата.  Граѓаните во него гледаат претседател кој нема да престане да се бори за сите нас. Јас сум горда што можам да ги видам сите работи што се направени за толку краток период“, рече Меланија Трамп пред присутните во Белата Куќа.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата