ВИДЕО: Мексикански мигранти во „воз на смртта“

Од:

На покривот на товарниот воз познат како „Ѕвер“ или „Воз на смртта“, кој сообраќа на релација од градот Аријаг на југ на Мексико до Мексико Сити, секојдневно патуваат стотина мигранти, најмногу од Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Никарагва.

Во текот на патувањето на покривот на овој воз, кое понекогаш трае и со денови, луѓето често умираат или стануваат инвалиди, но се соочуваат и со опасностите од криминалните банди, криумчарење, киднапирање и корупција на државни службеници.

Големата сиромаштија и надежта за подобар живот ги мотивира да се одлучат на ова опасно и неизвесно патување на север, за да се приближат до границата на Мексико со САД.

Според податоците на медиумите илјадници од нив стануваат жртви на злоставување, силување или киднапирање.

Откако возот ќе пристигне во Мексико Сити, се соочуваат со нови опасности од криминалните групи, кои им наоѓаат престој кој скапо го наплаќаат, во најлош случај се принудени да работат за бандите или се убиени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД