ВИДЕО: Масовни протести во Лондон против носењето маски

Од:

Активисти излегоа на улиците во Лондон еден ден откако кабинетот на Велика Британија ги прошири своите упатства за задолжително носење на маски во борбата против пандемијата.

Демонстрантите се собраа во Хајд Парк каде што говорниците настапија со осуда на владините мерки.

Носејќи плакати на кои пишуваше: „Запрете го новото нормално, спасете животи“, „Слобода е посилна од стравот“, „Маските се глупави“, демонстрантите потоа маршираа кон Даунинг стрит, застанувајќи и пред седиштето на Би-Би-Си.

Еден од демонстрантите изрази загриженост во врска со задолжителните правила за маските за лице.

„Порано работев како медицински брат во установа за ментално здравје. Една од работите што ги научив како студент е дека никој не треба да се присилува да носи нешто на телото без негова согласност“, рече тој.

Маските се задолжителни во продавниците и супермаркетите во Англија.

Премиерот Борис Џонсон во петокот најави дека ќе бидат потребни маски во музеите, кината, уметничките галерии и местата за богослужба почнувајќи од 8 август.

Протести против носењето маски имаше вчера и во Берлин, Германија.

Би можело да ве интересира

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ