ВИДЕО: Масовни протести против пучот во Судан

Од:

Суданските граѓани денеска излегоа на улиците на Картум и другите градови на масовни протести против военото преземање на власта во октомври и последователниот договор за враќање на премиерот Абдалах Хамдок, со што, како што тврдат се маргинализирало движењето во таа држава.

Денешните демонстрации ја одбележуваат третата годишнина од бунтот што доведе до смена на долгогодишниот автократ Омар ал-Башир и неговата исламистичка влада во април 2019 година.

Судан потоа тргна, како што се проценува, по кревкиот пат кон демократијата, а земјата беше управувана од заедничка воено-цивилна влада. Воениот удар на 25 октомври годинава го наруши процесот на транзиција и доведе до големи улични протести.

Снимките објавени денеска покажуваат демонстранти на улиците Картум и Омдурман. Демонстрантите бееја судански знамиња и бели знамиња со слики од загинатите во бунтот и протестите што следеа по пучот.

Протестите беа свикани од продемократско движење што доведе до бунт против Ал Башир и подоцна постигна договор за поделба на власта со генералите во месеците по соборувањето на Башир.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска