Ирачки форензичари започнале со ископи на 12 локации за кои постои сомневање дека се места на кои се наоѓаат масовни гробници на 1.700 жртви од минатогодишната одмазда која ја спровеле припадници на ИСИС.
Како што пренесе „Ројтерс“, официјални лица соопштиле дека во првата масовна гробница се пронајдени најмалку 20 тела и дека станува збор за остатоци на војници од база кај Тикрит.
Очевидци кои го преживеале масакрот изјавиле дека сунитските борци на ИСИС, жртвите ги убиле со куршуми од авотматски пушки или ножеви. Еден од нив го избегнал масакрот благодарение на тоа што се преправил дека е мртов.
Е.Г.