Масовен верижен судир се случил во американската сојузна држава Висконсин, на патот И-94, во кој учествувале околу 100 возила.
Over 100 vehicles were involved in the mass pile-up on I-94 in Wisconsin. Several semi-trucks caught fire. There was no immediate word on injuries. https://t.co/enmZ8N9suw pic.twitter.com/dmpuZxGXTN
— AccuWeather (@accuweather) December 23, 2021
Судир на 100 возила, камиони и патнички автомобили се случи во округот Џексон.
Повеќе камиони горат, а многу автомобили се заглавени под приколките на други возила.
Државната полиција, како и Брзата помош засега не можеа да дадат информации за повредени, но го блокираа патот, а ги предупредија граѓаните да ја избегнуваат оваа рута.
Предупредувањето дојде утринава, кога беше објавено дека овој патен правец е доста лизгав и опасен за учесниците во сообраќајот поради ледениот дожд кој не престанува да паѓа.
На социјалните мрежи се објавени снимки од оваа масовна несреќа и информации дека патот е целосно блокиран.