(ВИДЕО) Масакр на позната плажа во Сиднеј, има голем број мртви и ранети

Од:

Најмалку 10 лица се убиени, а 60 повредени во масовно пукање на плажата Бонди во Сиднеј. Според австралиските медиуми, двајца вооружени лица пукаа во луѓе кои беа собрани за празникот Ханука. Според извештаите, на настанот присуствувале повеќе од 1.000 луѓе. Истрелите се испукани околу 18.50 часот. Снимките направени од локалното население покажуваат двајца мажи облечени во црно како пукаат од пушки.

Според извештаите, едниот напаѓач е застрелан, додека другиот е во притвор.

Полицијата на Нов Јужен Велс (NSW) ја повика јавноста да се држи подалеку од областа додека полицијата реагира на инцидентот и истражува. Според снимките на социјалните медиуми, напаѓачите се неутрализирани. Полицијата ги фатила и ги разоружала, додека лутите жители ги клоцаат.

Би можело да ве интересира

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ