Илјадници демонстранти пристигнаа денеска во Будимпешта, откако за две недели минаа речиси 300 километри, со цел да го привлечат вниманието на власта на проблемот со сиромаштијата во Унгарија, јави БТА.
„Маршот на гладните“ заврши пред зградата на парламентот. Демонстрантите носеа транспаренти „Работа! Леб!“.
Голем број од демонстрантите беа облечени во црвено и носеа знамиња на синдикатот на вработените во јавниот сектор. Кон нив пред зградата на парламентот се приклучија и пратеници од опозицијата.
Маршот тргна на 31. јануари од гратче во јужниот дел на Унгарија и кон него полека се приклучија демонстранти од сиромашните региони во североисточниот и јужниот дел на земјата.
Протестот е организиран од Синдикатот на вработените во јавниот сектор и асоцијацијата „Работа и леб“, а е поддржан од социјалистичката партија.
Целта на протестот е да го сврти вниманието на власта врз сиромаштијата во земјата. Просечната месечна плата на вработените во јавниот сектор е околу 160 евра.