ВИДЕО: Приврзаници на Трамп излегоа масовно во Вашингтон да ја дадат поддршката за досегашниот претседател

Од:

Приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа да се собираат во американскиот главен град Вашингтон Ди-Си во знак на протест против, како што велат тие, „изборната кражба“ на претседателските избори.

Според бројот на присутните, се смета дека ова е најголемиот митинг за поддршка на Трамп во изминатите четири години, откако е на највисоката функција во САД.

Претходно, имаше и други протести кои беа про-Трамп низ целата земја, откако Бајден беше прогласен за победник на 7 ноември, но тие беа во помал обем.

Во Вашингтон Ди-Си според локалните медиуми, засилено е присуството на полицијата за да спречат евентуални судири со демонстранти од Демократската партија на САД кои се во близина на Врховниот суд.

На протестите присуствуваат истакнати членови на екстремната десница, како што се Алекс Џонс, познат во САД како „теоретичар на заговори“, и самопрокламираниот „американски националист“ Николас Фуентес. Со нив се и припадниците на групата „Горди момчиња“.

Во првото обраќање по изборите на 3 ноември, Трамп вчера нагласи дека „времето ќе покаже“ дали тој ќе остане претседател.

Маршот се одржува под слоганот – „Марш на милионите – Да ја направиме Америка повторно голема“, што беше и негов слоган на изборите во 2016 година кога ја победи тогашната државна секретарка Хилари Клинтон.

Политичкиот експерт, Дан Бонгино во четвртокот објави видео на кое се гледа како масовен конвој на камионџии се упатува кон главниот град за да се приклучи на големиот митинг.

Протестот е организиран од припадници на Републиканската партија на САД, истакнати конгресмени и сенатори заедно со про-Трамп групи и конзервативни новинари како Џек Пособиец и Мајк Церновиќ.

За време на протестот се појави и претседателот на САД, Доналд Трамп кој ги изненади поддржувачите поминувајќи со автомобил за да ги поздрави.

Би можело да ве интересира

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Трамп ја прошири „листата за отстрел“

Горан Наумовски

Макрон: Не смееме да бидеме американски вазали

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски