Локалните жители започнаа офанзива против мајмуните во Лопбури користејќи зрело тропско овошје како мамка за да ги намамат во нивните кафези. Животните станаа симбол на Лопбури, тајландски град кој се наоѓа на околу 150 километри северно од Бангкок.
GENTE? 🗣️ Duas gangues de macacos SAÍRAM NO TAPA em Lopburi, na Tailândia!
As Autoridades foram mobilizada para conter o caos e após conseguirem capturar o Líder de uma das gangues com tranquilizantes, os outros macacos ficaram gritando pela sua soltura. pic.twitter.com/9qqzBBolVw
— BoysLove Hub (@hubboyslove) March 30, 2024
Во градот живеат околу 2.500 мајмуни, но серија случаи на конфликти меѓу мајмуни и луѓе ги убедиле властите дека бројот на животни мора да се намали. Почнаа да се шират видеа кои го покажуваат се поагресивното однесување на мајмуните. Некои видеа покажуваат како мајмуни крадат храна од локалното население или дури ги повредуваат.
Првата фаза од планот претставен вчера е да се намамат мајмуните во кафезот со нивната омилена храна. Градоначалникот Чамроен Салачип вели дека мајмуните предизвикуваат економска штета бидејќи продавниците забележале пад на приходите и повеќе згради се оштетени.
Тој додаде дека Лопбури е речиси „напуштен град“. „Откако ќе заврши нашата операција, ќе направам големо чистење низ градот и ќе ги обоам сите згради за да ја вратам вербата на луѓето“, најави тој. На почетокот на кампањата, фаќачите успеаја да фатат три макаки кои паднаа на трикот и завршија во стапицата.
Низ градот биле заробени околу 30 мајмуни. Кафезите беа ставени на улица на почетокот на неделата за мајмуните да се навикнат на нив и да ги гледаат како помала закана. Сепак, операцијата за фаќање мајмуни се очекува да наиде на некои пречки.
Одделот за национални паркови, диви животни и зачувување на растенијата на Тајланд очекува мајмуните да можат брзо да се прилагодат откако ќе сфатат што се случило со нивните пријатели. Властите почнаа да ги смируваат заробените мајмуни за да спроведат здравствени проверки пред да ги исчистат и стерилизираат и да ги тетовираат за да можат да се идентификуваат и да водат точна евиденција.
После тоа, тие ќе бидат префрлени во серија огромни живеалишта надвор од центарот на градот додека се бара постојан дом за нив. Некои мајмуни ќе бидат оставени слободни да го задржат имиџот на Лопбури како град на мајмуните во Тајланд.