ВИДЕО: Мајка заминала во Сирија за да ја спаси ќерка си

Од:

Холандската државјанка Моника се упатила на терористичка територија за да ја спаси својата деветнаесетгодишна ќерка, која се омажила за џихадист во Рака, во Сирија.

-Некогаш го правиш тоа што мораш. Мислам дека ова е вистинскиот потег – има рекла таа на своите пред да тргне на пат.

Според наводите нејзината ќерка Ајша минатиот месец по пат на социјалните мрежи, испратила повик за помош и изразила желба да се врати дома.

Таа на 18 години го примила исламот и се омажила за озлогласениот холандски џихадист Омар Јилмаз, во кого се вљубила додека го гледала неговото интервју на телевизија.

Моника најпрвин побарала помош во полицијата но таму добила одговор дека се немоќни и ја предупредиле да внимава што прави, бидејќи обидот да и помогне на ќерка и може да се окарактеризира како помош на џихадистите, што претставува кривично дело.

Игнорирајќи ги предупредувањата, оваа храбра жена отпатувала во Турција и преку „Фејсбук“ договорила состанок со ќерката. Ставила бурка, ја преминала границата и некако стигнала во Рака, од каде што заедно со ќерка си побегнале во Турција, каде што Ајша е уапсена бидејќи немала патна исправа.

Како што пренесуваат медиумите тие сега чекаат дозвола од турските власти до кои интервенирало Министерството за надворешни работи на Холандија, да им дозволат да се вратат дома.

-Сакаше да се врати дома, но не можеше да ја напушти Рака без помош- триумфално изјавила храбрата мајка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина