Американското списание „Тајм“ го одбележа својот 90-ти роденден.
Првиот број на „Тајм“, кој лани се продаваше во тираж од над 3,2 милиони примероци, излезе на 2 март 1923 година.
„Тајм“ е јадрото на холдингот „Тајм Ворнер“, кој вработува околу 34.000 лица. Покрај њујоршката верзија, „Тајм“ има и свои европски, австралиски и азиски верзии, кои се издаваат во Лондон, Сиднеј и Хонг Конг.
По повод роденденот на „Тајм“ прослави се организраа во повеќе американски градови.