Уште една руска ракета „Сојуз“ е лансирана денеска, овојпат – со 36 сателити на британската компанија „Уан-Веб“.
? Пуск ракеты-носителя «Союз-2.1б» с разгонным блоком «Фрегат» и 36 космическими аппаратами #OneWeb
? 25 марта 2021 года
? Космодром ВосточныйВид с высоты квадрокоптера ? pic.twitter.com/2fvvbfButg
— РОСКОСМОС (@roscosmos) March 25, 2021
Станува збор за сателити кои се приклучуваат кон групата мали сателити дизајнирани да ја зголемат мрежната покриеност низ целиот свет. Руската вселенска агенција Роскосмос преку Твитер ја информираше јавноста за полетувањето на вселенското летало.
Исто така, беа објавени и повеќе фотографии и снимки од лансирањето од космодромот „Восточни“ во југоисточна Русија. Ова е петти ракетен полет на „Сојуз“ оваа година.
Проектот „Уан-Веб“ започна во 2019 година, а во орбитата на Земјата денес има околу 650 сателити. Целта на оваа мрежа е да обезбеди поевтин и брз пристап до интернет низ цел свет, вклучително и делови со мал или без никаков пристап.