Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати видеопорака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ 27.
Today, we start turning the page on a difficult year. The #COVID19 vaccine has been delivered to all EU countries.
Vaccination will begin tomorrow across the EU.
The #EUvaccinationdays are a touching moment of unity. Vaccination is the lasting way out of the pandemic. pic.twitter.com/pYOj5vS2gV
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 26, 2020
– Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ, рече фон дер Лајен.
Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и оти во исто време им се достапни на сите членки на ЕУ.
Според неа, европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.
– Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници, истакна фон дер Лајен.
Таа предупреди дека дотогаш сите мора да останат внимателни за да се заштитат себе си и другите од вирусот.
– Ајде сите заедно да останеме безбедни и 2021 година да ја направиме година на европско закрепнување и надеж, рече фон дер Лајен.