ВИДЕО: Кулеба и Лавров во Анталија на директна среба

Од:

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина пристигнаа во Турција за директни разговори закажани за денеска наутро, соопштија официјални лица. Тоа ќе биде прв контакт на високо ниво меѓу двете страни откако Москва почна со инвазија врз соседот Украина.

Официјални лица од Киев и Москва одржаа неколку рунди дискусии во Белорусија, но состанокот во јужниот град Анталија претставува првпат Русија да испрати министер на разговори за кризата.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба пристигна на средбата.

Дијалогот меѓу Киев и Москва досега донесе неколку локални прекини на огнот и хуманитарни коридори за евакуација на жителите, но Русија беше обвинета за прекршување на тие договори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива