ВИДЕО: Крвава пресметка на банди во три затвора во Еквадор, повеќе од 70 мртви

Од:

Над 70 лица се убиени во бунтовите во три затвора во Еквадор, извршени од локални криминални организации, соопшти синоќа Управата за затвори во земјата.

-Неколку членови на персоналот се повредени при нарушувањето на јавниот ред и мир во затворите, но меѓу нив нема загинати, изјави директорот на СНАИ, Едмундо Монкајо, на прес-конференција.

Еквадорската полиција на Твитер потври дека во немирите во трите затвори има многу жртви. Владата овие немири ги опиша како „координирана акција на организираниот криминал“. Според премиерката Патриша Пазмин, тие се резултат на судири меѓу криминални банди во нив.

Според извештаите на локалните медиуми, членовите на семејствата на уапсените ја потврдиле оваа информација, велејќи дека членови на една банда нападнале членови на друга банда. Претседателот Ленин Морено рече дека полицијата прави се за повторно да се воспостави редот во затворите.

„Полицијата и Министерството за внатрешни работи работат на враќање на контролата врз затворите во Гвајакил, Куенка и Латакунга“, соопшти Морено на Твитер.

Морено подоцна додаде дека на Министерството за одбрана му наредил да „спроведе строга контрола на оружјето, муницијата и експлозивите во надворешниот периметар на затворите“ по насилните немири во трите затвори.

Еквадорската армија соопшти дека ја поддржува полицијата во безбедносните операции околу трите соединенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари