ВИДЕО: Крвав терористички напад во трговски центар во Најроби

Од:

Денешниот напад во трговски центар во Најроби, во кој загинаа најмалку 22 лица, а повредени се повеќе од 50, се претпоставува дека е терористички акт, соопшти Министерството за внатрешни работи на Кенија.

„Можно е нападот да го извршиле терористи, така што на него ќе гледаме на посебен начин“, се наведува во соопштението.

Кениското МВР уште соопшти дека акцијата против напаѓачите е во тек, а на неа се приклучила и војската.

Очевидци изјавија дека напаѓачите зборувале странски јазик, можеби арапски или сомалиски, и оти биле видени како убиле голем број вработени во продавниците, пренесува Танјуг. Некои од нив тврдат дека цел на нападот биле немуслиманите.

Напаѓачите зеле најмалку седуммина заложници, соопшти полицијата.

Менаџер на продавница кој успеал да побегне вели дека напаѓачите ја презеле контролата над целиот трговски центар „Вестгејт мол“, кој најчесто е посетуван од богатите Кенијци и странски туристи. Тој вели дека напаѓачите се вооружени со пушки АК-47 и гранати.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“