Крајно е напната ситуацијата на затворената граница меѓу Белорусија и Полска каде илјадници миграни се обидуваат да влезат на полска територија. Од другата страна на оградата има како што јавуваат дел од медиумите околу 20 илјади припадници на полските безбедносни сили.
NOW – Large groups of migrants gather at Poland-Belarus border crossing.pic.twitter.com/jEq3qog9dW
— Disclose.tv (@disclosetv) November 15, 2021
На преминот има тешка воена машинерија, водени топови, а обласата ја надлетуваат воени хеликоптери.
Migrants arrive at the Polish border checkpoint pic.twitter.com/HcCaFIpmg7
— RT (@RT_com) November 15, 2021
Огромно е присуството на војска и на белоруската стана и миграните практично се наоѓаат во средина.
Полската гранична полиција вчера ги обвини белоруските сили дека ги подготвуваат миграните за насилно да ја пробијат граничната бариера.
Илјадници мигранти од трети земји се заробени во импровизираните шумски кампови на границата со Полска. Тие се обидуваат да стигнат во земјите од Европска унија.
Хуманитарните организации апелираат да се најде решение за тешката ситуација во која не наоѓаат миграните кои се на отворено на студено време