(ВИДЕО) Кремљ: Изготвени се промени во нуклеарната доктрина

Од:

Измените на руската нуклеарна доктрина се подготвени и ќе бидат формализирани по потреба, објави Кремљ.

„Промените се веќе практично формулирани. Тие ќе бидат формализирани по потреба“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција ТАСС.

Сегашната нуклеарна доктрина на Русија, објавена од претседателот Владимир Путин во 2020 година, наведува дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку непријателот ја нападне со нуклеарно оружје или во случај на конвенционален напад што би го загрозил постоењето на државата.

Путин рече дека промената на нуклеарната доктрина значи дека Русија ќе го смета нападот од ненуклеарна држава поддржана од држава со нуклеарно оружје за „заеднички напад“. Ова може да се толкува како закана за употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина.

Овој потег доаѓа откако Кремљ вчера ја нарече непромислена одлуката на администрацијата на претседателот Џо Бајден да и дозволи на Украина да истрела американски проектили длабоко во Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина првпат употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија

ВИДЕО: Објавена снимка од експлозијата на автомобил во која загина капетанот на Црноморската флота

ВИДЕО: Најмалку седум мртви во руски напад на Сумската област

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 1000 дена од најсмртоносниот конфликт во 21 век, загубите се катастрофални

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски се појави на првата линија на фронтот

ВИДЕО: Жесто руски напад на Одеса, има мртви и ранети