ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски

Од:

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервјуто што го даде за ABC News.

И во оваа прилика Зеленски повторно ги повика Вашингтон и другите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина бидејќи, како што рече првиот човек на Украина, „само силната позиција на Украина може да го охрабри рускиот претседател Путин да ја прекине војната“.

Зеленски од недела е во Соединетите Американски Држави каде ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. Украинскиот претседател ќе ја искористи оваа можност за бројни средби со светските лидери, а ќе разговара и со актуелните американски кандидати за нов претседател Камала Харис и Доналд Трамп.

„Уште еднаш ги повикувам сите наши сојузници да ни помогнат да постигнеме заедничка победа за вистински праведен мир“, рече Зеленски, мислејќи на операцијата Курск. „Путин многу се плаши од таа операција бидејќи неговите луѓе од неа видоа дека тој не може да ја брани целата своја територија“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски