(ВИДЕО) Крајбрежна стража потврди: Останките најдени на дното на океанот се на подморницата „Титан“, сите патници се загинати

Од:

Остатоците откриени денес во близина на потонатиот брод „Титаник“ се од исчезнатата подморница „Титан“, потврди американската крајбрежна стража.

– Сите патници загинаа, беше речено на прес-конференцијата.

Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив припаѓале на капсулата која го одржувала притисокот внатре во подморницата.

Крајбрежната стража се уште работи на расветлување на деталите за несреќата. Засега сè укажува на имплозија што се случила при спуштањето кон потонатиот брод Титаник.

Нa новинарско прашање што е со звуците кои спасувачите ги слушале изминативе денови, контраадмиралот Џон Маугер вели дека дејствувале според информациите што ги имале и дека звуците што ги снимиле не припаѓаат на подморница.

„Имаше катастрофална експлозија во подморницата што ќе предизвикаше звук што сигурно ќе го регистриравме“, рече тој.

Крајбрежната стража не одговори на прашањето за можното извлекување на телото.

Би можело да ве интересира

Спасувачите кои ги најдоа остатоците од Титан открија кога сфатиле дека веќе нема надеж

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Вработен во OceanGate пред неколку години предупреди: Ќе се убие себеси и другите поради своето его

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ