(ВИДЕО) Колорадо: На роденденска забава убиени седум лица

Од:

Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми.

Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и почнал да пука.

Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите.

Меѓу жртвите е и лицето за кое беше организирана прославата, што се одржа пред камп-приколки. Меѓу собраните имало и деца, но сите жртви се возрасни.

Полицијата соопшти дека пронашла шест мртви лица по пристигнувањето на местото на злосторството, додека седмиот им подлегнал на повредите во болница.

Истрагата за мотивите на нападот е во тек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски