ВИДЕО: Кинески воени бродови впловија во руско пристаниште

Од:

Кинески воени бродови денес впловија во руското далечно источно пристаниште Владивосток, пред заедничките вежби што ќе се одржат од 1 до 5 август, објави денес Ројтерс.

Видеата од руското Министерство за одбрана покажуваат бродови, вклучувајќи и подморница, како влегуваат во пристаништето, а кинеските морнари беа пречекани со аплауз од граѓаните кои мавтаа со националните знамиња на двете земји, додека жени во традиционални носии му понудија на кинескиот офицер традиционално добредојде со леб и сол.

Руските медиуми објавија претходно соопштение од Руската пацифичка флота, во кое се наведува дека заедничките вежби со Кина „се од одбранбен карактер и не се насочени против други земји“.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп