Екстремистичката група Боко Харам од Нигерија објави снимка за која што тврдат дека се дел од девојчињата кои што беа киднапирани пред речиси четири години. На снимката девојчињата порачуваат дека повеќе нема да се вратат дома.
BREAKING: Boko Haram releases videos showing some of the remaining Chibok girls who they claimed vowed not to go back to their parents #BringBackOurGirls
Videos obtained via Ahmad Salkida, a journalist that specializes on reporting the conflict in the Lake Chad region pic.twitter.com/5x9xwE1FzF— Sahara Reporters (@SaharaReporters) January 15, 2018
Екстремистите од Боко Харам во април 2014 година киднапираа 276 девојчиња од училиште во Чибок, а се верува дека стотина од нив се уште се заробени.
Повеќето од нив биле приморани да се омажат за киднаперите, а на видеото неколку девојки се прикажани со деца.
Од агенцијата АП известија дека припадниците на Боко Харам често киднапираат девојчиња кои потоа ги користат за изведување самоубиствени напади на североистокот на Нигерија.