(ВИДЕО) Катастрофа во Словенија: Пукна насип, во тек е евакуација на населението

Од:

Пукна насип покрај реката Мура во Словенија кај Долна Биштица, а неколку села се евакуираат, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на цивилната заштита Сречко Шестан за ТВ Словенија изјави дека ситуацијата се влошува бидејќи дупката во насипот станува се поголема.

„Инженерските служби се обидуваат да ја затнат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат“, рече тој, пренесува агенцијата СТА.

Според него, се истражуваат можностите за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа го отежнува времето.

Шестан рече дека евакуацијата е наредена бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат жртви.

„Ако водата почне да ја поплавува земјата, насипот ќе се урне и бран вода ќе помине низ десет села“, рече тој.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата.

Во Австрија, нивото на Мура продолжува да расте.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Словенија ќе добие најмалку 400 милиони евра помош од фондовите на ЕУ

Во поплавена Словенија: Спасувачите евакуираа бремена мајка и деца

Горан Наумовски

Словенечките реки останаa без риба: Поплавите предизвикаа еколошка катастрофа

Владата одлучи: Македонија испраќа 100 припадници на АРМ во хуманитарна операција во Словенија

100 војници најрано утре ќе заминат на помош во Словенија, се чека Владата да донесе одлука

Орце Костов

(ВИДЕО) Силно невреме се движи низ Словенија, град побеле некои делови од земјата