Словенечките реки останаa без риба: Поплавите предизвикаа еколошка катастрофа

Од:

Реките во Словенија, во подрачјата погодени од неодамнешните поплави, ќе останат речиси без риби, соопшти денеска Словенечкото риболовно здружение.

Повеќето риби угинале и од силни струи и од матната вода што им навлегла во жабрите, пренесува СТА.

Многу oд рибите завршиле на полињата, додека дел од нив биле спасени од рибарите кога водата се повлекла.

– Многу млади риби угинаа – изјави претседателот на Словенечкото риболовно здружение Мирослав Жаберл.

Реките според него се загадени со канализација и нафта од резервоарите.

„Сето тоа не е добро за потоците или рибите“, рече Жаберл.

Засега не е јасно дали рибата која е зафатена од поплавите ќе биде безбедна за консумирање.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Словенија ќе добие најмалку 400 милиони евра помош од фондовите на ЕУ

Во поплавена Словенија: Спасувачите евакуираа бремена мајка и деца

Горан Наумовски

Владата одлучи: Македонија испраќа 100 припадници на АРМ во хуманитарна операција во Словенија

100 војници најрано утре ќе заминат на помош во Словенија, се чека Владата да донесе одлука

Орце Костов

(ВИДЕО) Силно невреме се движи низ Словенија, град побеле некои делови од земјата

(ВИДЕО) Катастрофа во Словенија: Пукна насип, во тек е евакуација на населението

Горан Наумовски