Во поплавена Словенија: Спасувачите евакуираа бремена мајка и деца

Од:

Словенечките спасувачки служби со воен хеликоптер извлекоа семејството од опасен и непристапен терен. Тоа семејство наскоро очекува нов член.

Во вторникот 20 планински спасувачи од различни здруженија на Планинската спасувачка служба дојдоа да помогнат во опасната и уништена Корушка. Тие им помогнаа на жителите и на нивните колеги-спасувачи кои изгубија се минатата недела.

Покрај отстранувањето на последиците од поплавите, тие се погрижија и за евакуација на жителите, особено од повисоките и непристапни делови од регионот. Во тоа им помогнале три воени хеликоптери.

При евакуација на една од куќите наишле на бремена мајка и нејзините деца. Семејството во наредните денови треба да добие нов член. Трудницата и децата се префрлени на безбедно, каде во наредните денови ќе можат да чекаат пристигнување на нов член од семејството.

Тие евакуирале и неколку други лица на кои им била потребна итна медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Словенија ќе добие најмалку 400 милиони евра помош од фондовите на ЕУ

Словенечките реки останаa без риба: Поплавите предизвикаа еколошка катастрофа

Владата одлучи: Македонија испраќа 100 припадници на АРМ во хуманитарна операција во Словенија

100 војници најрано утре ќе заминат на помош во Словенија, се чека Владата да донесе одлука

Орце Костов

(ВИДЕО) Силно невреме се движи низ Словенија, град побеле некои делови од земјата

(ВИДЕО) Катастрофа во Словенија: Пукна насип, во тек е евакуација на населението

Горан Наумовски