(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Од:

Катар, кој е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, им го предал на Израел и на палестинската милитантна група Хамас „конечниот“ нацрт на договорот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, дизајниран да стави крај на војната во Газа, изјави неименуван функционер за Ројтерс.

Официјалниот претставник рече дека е постигнат напредок во катарскиот главен град Доха по полноќ по разговорите во кои учествуваа шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, американскиот претставник за Блискиот Исток и катарскиот премиер.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата за напорите да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Бајден во телефонски разговор ја истакнал итната потреба од прекин на огнот во Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас

Кац се заканува со анексија на делови од Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците

(ВИДЕО) Израелците на улици по нападите на Газа: Нетанјаху се спасува себе си