(ВИДЕО) Како изгледа една работна недела на Јапонците

Од:

Повеќето вработени ќе најдат по некој недостаток на нивната работа, а најголем меѓу нив дефинитивно е оној дека сите премногу работиме.

Но, ако ги споредиме нашите работни недели со оние на еден просечен вработен Јапонец, брзо ќе дојдеме до заклучок дека во споредба со него ние сме виситнски „мрзливци“.

Всушност, јапонското работно темпо, особено на оние вреботени во канцеларии, се сведува на она што е прикажано во едно видео објавено на интернет.

Јапонците работат по 13 часа на ден, шест дена во неделата, а вкупниот број нивни работни часови изнесува вкупно 80, со само 35 часа време за спиење неделно.

Видеото открива дека од работникот во Јапонија се очекува работата да му биде приоритет и да не бара сочуствителност, бидејќи знаел што го чека кога се согласил да работи.

– Во Токио има многу кои работат вака по цела година за да го обебзедат финансиски своето семејство, вели авторот на видеото.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе неодмана најави реформи на Законот за труд со кои ќе се укине плаќањето прекувремени работни часови со цел вработените да се мотивираат да работат помалку и да имаат повеќе време за одмор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија