ВИДЕО: Јапонски политичар доживеа нервен слом на конференција

Од:

Јапонскиот политичар Рјутаро Нономура (47) стана вистински хит на интернет, откако доживеа нервен слом на конференција за медиуми, на која се обиде да се одбрани од обвиненија за проневера на државни пари, кои наводно ги трошел за приватни патувања.

Како што пренесе „Франс прес“, Нономура започнал хистерично да клоца во тек на конференцијата, која што траела цели три часа, да удира со рацете во столот и да им вика на новинарите. Видео снимките од конференцијата веднаш привлекоа внимание на интернет ,а една од нив, има дури и повеќе од два милиони прегледи.

-Ова е срамно, дали е пијан?, стои во еден коментар на „Јутјуб“.

Нономура е пратеник во Паралементот на префектура Хјого, а е обвинет за проневера на 29.000 долари државни пари, кои наводно ги трошел на приватни патувања.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија