ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Од:

Хирурзите во Њујорк велат дека ја извршиле првата целосна трансплантација на око во светот, иако мислат дека нивниот пациент нема да го врати видот. Арон Џејмс, кој доживеа незгода со струја од висок напон, беше подложен на операција која траеше 21 час за да му се замени половина од лицето.

Хирурзите, со години успешно пресадуваат рожница. Експертите го нарекоа ова откритие клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони луѓе. Џејмс, работник на високонапонска линија од американската сојузна држава Арканзас, изгубил поголем дел од лицето кога случајно допрел жица под напон од 7.200 волти во 2021 година.

На 27 мај оваа година, тој беше подложен на ретка делумна трансплантација на лице заедно со трансплантација на око – во која учествуваа повеќе од 140 здравствени работници. Хирурзите кои ја извршија комплицираната операција вчера изјавија дека Џејмс (46) добро закрепнува од двојната трансплантација и дека донираното око изгледа неверојатно здраво. Неговото десно око сè уште е функционално.

„Самиот факт дека ја постигнавме првата успешна трансплантација на цело око со лице е огромен потфат за кој многумина мислеа дека не е возможен долго време“, рече д-р Едуардо Родригез, еден од водечките хирурзи во тимот. „Направивме голем чекор напред и ја изградивме основата за следното поглавје за враќање на видот.

Лекарите велат дека операцијата на Џејмс им нуди на научниците невиден увид во тоа како човечкото око се обидува да се излечи. „Ние не тврдиме дека го враќаме видот“, изјави д-р Родригез за ABC News. „Но, нема сомнеж дека сме чекор поблиску.

Лекарите рекоа дека има директен проток на крв во мрежницата – делот од окото што испраќа слики до мозокот. Иако нема сигурност дека Џејмс ќе го врати видот на новото око, лекарите не ја исклучуваат таа можност. „Ако можам да гледам со новото око, тоа е одлично“, рече Џејмс во интервјуто, додавајќи: „Но, ако тоа го поттикне развојот на тоа поле на медицината, тогаш јас сум за тоа“.

Тој ја нарече трансплантацијата на око „процедура која му го промени животот“ и додаде дека е „неописливо благодарен“ на донаторот и на нивното семејство што ја овозможиле операцијата. „Изгледам како нормален човек кој оди по улица“, изјави тој за NBC News.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи