ВИДЕО: Израелски напад на Газа, прв по примирјето

Од:

Радио станицата на движењето Хамас јави дека ноќеска израелски авиони нападна палестински камп за обука, што е прв израелски напад по прекинот на огнот од минатиот месец, со што се заврши 11-дневниот вооружен конфликт во Газа.

Израелската војска подоцна потврди дека нејзините авиони ги нападнаа воените објекти на Хамас во појасот Газа, како одговор на лансирањето на запалливи балони, што, според израелските пожарникари, предизвикале дваесетина пожари во јужен Израел.

Покрај тоа, израелската војска соопшти дека, поради ситените терористички закани што доаѓаат од Газа, е подготвена за сите сценарија, вклучувајќи го и продолжувањето на борбените дејствија.

Исламистичката милитантна група Хамас, што владее со Газа, претходно се закани дека ќе преземе акција – одговор на вчерашниот марш низ источен Ерусалим на повеќе од илјада Израелци од крајната десница.

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет претходно изјави дека израелските власти не треба да ги толерираат запалливите балони и на нив треба да одговараат како на ракети.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски