(ВИДЕО) Израелски авиони ги бомбардираа Латакија и Тартус на западот на Сирија

Од:

Израелски авиони денеска бомбардираа воени објекти во поморските градови Латакија и Тартус на западот на Сирија, каде се наоѓаат руските воени бази, јавува либанската телевизија Ал Мајадин.

Ал Џезира, повикувајќи се на свои извори, пренесува дека Израел извршил напади и врз фабриките на сириското Министерство за одбрана и Центарот за научно истражување во градот Масјаф, западно од градот Хама во централниот дел на земјата.

Катарската телевизија (Ал Џезира) јавува и дека „гласни експлозии“ се слушнале во главниот град на Сирија, Дамаск и дека е нападнато предградието Дума на североистокот на главниот град.

Сириската опсерваторија за човекови права, опозициска невладина организација со седиште во Обединетото Кралство, извести за напади кои им се припишуваат на израелските воздухопловни сили врз позиции на сириската армија во регионот на Дамаск и во близина на јужниот град Свеид, јавува израелската телевизија И24.

Во деновите по падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, Израел изврши бројни напади на сириска територија со цел, како што тврди Тел Авив, да го уништи напредното оружје поради загриженоста за безбедноста на Израел.

Израелската армија (ИДФ) проценува дека меѓу 70 и 80 отсто од стратешкото оружје на режимот на претседателот Башар ал Асад било уништено во нападите, пишува Тајмс оф Израел.

ИДФ тврди дека воздушните напади биле погодени сириски системи за противвоздушна одбрана, воздушни бази, складишта за оружје и локации за производство на оружје во Дамаск, Хомс, Тартус, Латакија и Палмира. Истовремено, ИДФ соопшти дека распоредува сили во тампон зоната меѓу Израел и Сирија, без да прецизира конкретни распоредувања.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека израелските војници ја окупирале тампон зоната во Голанската висорамнина, која беше формирана во 1974 година, откако сириските војници ги напуштија своите позиции поради напредувањето на бунтовниците во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел