ВИДЕО: Израелците убија цела екипа на Ал Џезира

Од:

Израелската армија објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, 28-годишниот Анас Ал Шариф, во напад врз градот Газа, обвинувајќи го дека раководел со ќелија на Хамас.

„Анас Ал Шариф служел како водач на терористичка ќелија во терористичката организација Хамас и бил одговорен за ракетни напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“, соопшти вчера израелската војска.

Ал Џезира објави дека новинарите биле убиени во она што се чини дека е целен израелски напад врз нивниот шатор пред болницата Ал-Шифа. Дописникот на Ал Џезира, Мохамед Крејкех, и снимателите Ибрахим Захер и Мохамед Нуфал, исто така, биле убиени во нападот.

Израелската армија убила повеќе од 200 новинари и медиумски работници од почетокот на бомбардирањето, вклучувајќи неколку новинари на Ал Џезира и нивни роднини.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна