ВИДЕО: Израелците објавија снимка од воздушните напди на Газа: „Хамас крие оружје во џамија“

Од:

Израелските воздухопловни сили соопштија дека синоќа извршиле напади врз повеќе од 200 цели во Појасот Газа, особено во областите Кан Јунис и Римал.

„Во последните неколку часа борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа многу цели на терористички организации низ појасот Газа“, се вели во соопштението. Тие објавија и видео на кое се гледа како зградата се урива по еден удар.

Меѓу другите цели, велат тие, уништиле и џамија за која тврдат дека е „магацин за оружје“ на терористичката организација Хамас. Беше погодена уште една џамија, за која воздухопловните сили соопштија дека е „оперативен штаб“ на милитантната група. Овие тврдења не се независно потврдени.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

ВИДЕО: Трамп повторно зборува за Газа како „неверојатно вреден недвижен имот“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа