(ВИДЕО) Израелците блокираат влез во болница: Лекарите не можат да дојдат до пациентите, двајца починаа

Од:

Меѓународниот претседател на Лекари без граници (MSF), Христос Кристоу, изјави дека двајца Палестинци загинале откако израелски воени возила го блокирале влезот во болницата во Џенин, не дозволувајќи им пристап на пациентите.

„Два часа не можевме да им помогнеме на луѓето и тие не можеа да стигнат до нас, бидејќи израелските воени возила го блокираа влезот во болницата и патот, спречувајќи минување на амбулантни возила. Двајца Палестинци починаа од повредите бидејќи брзата помош не можеше да стигне до нив. “ објави Кристоу на социјалните мрежи.

Кристоу рече дека бил во посета на тим на Лекари без граници во болницата Калил Сулејман во Џенин, на окупираниот Западен Брег, кога израелската армија извршила рација во бегалскиот камп Џенин. „Ова мора да престане. Пациентите треба да имаат пристап до здравствена заштита во секое време. Нема ништо полошо за лекарот од тоа да не може да им помогне на оние на кои им е потребна медицинска нега“, рече тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера изјавија дека во Џенин траат судирите. „ИДФ спроведува контратерористички активности во областа“, соопшти војската, додавајќи дека нема да дава дополнителни детали додека не завршат операциите.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан