(ВИДЕО) Хаосот во Израел продолжува: Најавено одложување на правосудната реформа

Од:

Десетици илјади Израелци денеска протестираат пред Кнесетот во Ерусалим против планираните владини реформи во правосудството. Бројот на демонстранти постојано се зголемува. Премиерот Нетанхају пристигна во Кнесетот, се очекува негово обраќање.

Неговиот коалициски партнер, крајниот десничар Бен Гвир објави дека премиерот донел одлука за продолжување на рокот за прифаќање на правосудната реформа поради икоја се протестира. Бен Гвир објави дека во замена за одложувањето, Нетанхају прифатил формирање на „национална гарда“.

Ноа Ландау, заменик-уредник на израелскиот дневен весник Хаарец, објави дека наводниот договор меѓу Нетанјаху и неговиот екстремно десничарски министер Бен Гвир претставува исклучително опасен развој.

„Ова е се полошо и полошо. Бен Гвир (екстремната десница зад контроверзната судска реформа, оп.а.) сега вели дека постигнале договор со Нетанјаху што би ја одложил судската реформа, додека Бен Гвир за возврат ќе добие нова полиција под негова контрола. Приватните вооружени сили на Бен Гвир – токму она што ни требаше“, напиша Ландау на Твитер.

„Ниту една влада не ни ги даде правата и ниту една влада нема да ни ги одземе правата“, рече лидерот на опозицијата Јаир Лапид пред демонстрантите пред Кнесетот. Тој вели дека Израел као никогаш досега е блиску до распад.

Националниот синдикат на Хистадрут им нареди на сите државни службеници да штрајкуваат, вклучително и сите израелски дипломатски претставништва низ светот.

Портпаролот на израелската амбасада во САД потврди дека дипломатската мисија се затвора до понатамошно известување.

Израелскиот премиер денеска ги повика израелските демонстранти и контрадемонстранти да се воздржат од насилство откако денеска ескалираа немирите поради спорот околу планираната владина реформа на правосудниот систем.

Нетанјаху го упати повикот преку Твитер.

Некои пратеници на владејачката коалиција на Нетанјаху ги повикаа поддржувачите на контрапротести, како одговор на повеќемесечните демонстрации на противниците на владините судски реформи, објави Ројтерс.

„Тајмс оф Израел“ објави дека денеска ќе се сретнат воените лидери за да разговараат за случувањата, откако Нетанјаху го разреши министерот за одбрана.

Десетици илјади Израелци излегоа на улиците на градовите ширум земјата во неделата за да протестираат против одлуката на израелскиот премиер да го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант, кој ја повика владата да го прекине контроверзниот план за реформи во судството.

Би можело да ве интересира

Израелците пет месеци протестираат против реформите во судството

Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа не се почитува, Палестинците истрелаа ракети кон Израел

Ана Ололовска

Двајца Палестинци загинаа во израелска операција

Ана Ололовска

Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

Илјадници Израелци повторно излегоа на улиците за реформи во судството

Ана Ололовска