(ВИДЕО) Израел уапси активисти од едрилицата „Мадлин“ кои се обидуваа да достават помош во Газа

Од:

Израелските војници уапсија активисти од едрилицата „Мадлин“ што се движеше кон достава на помош во Појасот Газа, а активистите, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, ќе бидат испратени дома, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Израел објави видео на кое се гледаат приведените активисти, „безбедни и неповредени“, како се придружуваат од израелската морнарица до израелското пристаниште Ашдод, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелското Министерство за надворешни работи на платформата X соопшти дека активистите се неповредени.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години